Свет 10. јануари 2021. / 10:40

За разлика од Трамп, Мајк Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден

За разлика од Трамп, Мајк Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден

Актуелниот потпретседател на САД, Мајк Пенс ќе биде присутен на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, изјави висок претставник на администрацијата.

Актуелниот претседател Доналд Трамп, пак, во петокот најави дека нема да се појави на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.