Свет 09. јануари 2021. / 09:20

За првпат во САД регистрирани над 300.000 новозаразени за 24 часа

За првпат во САД регистрирани над 300.000 новозаразени за 24 часа

Во САД за првпат се регистрирани повеќе од 300.000 нови инфекции со новиот коронавирус.

Според секојдневниот ажуриран преглед на „Ковид Трекинг Проџект“, новите случаи за изминатите 24 часа се – 310.000, хоспитализирани се 131.889, а починатите се 3.777 – нешто под рекордните над 4.000 регистрирани вчера.

Рекордно високи се и просечните бројки за истите индикатори за период од една недела.

САД имаат најголем број заразени во светот од почетокот на пандемијата. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, таа цифра е – 21,8 милиони.