Австралија влегува во својата прва рецесија по 29 години, потврди министерот за финансии во владата во средата, откако заводот за статистика извести за пад на економијата во првиот квартал.
Економијата опадна за 0,3 проценти во првиот квартал од претходните три месеци, пред се поради пожарот, сушата и пандемијата на коронавирусот, објави во средата австралиското биро за статистика (АБС).
На годишна основа, економскиот раст се намали на 1,4 проценти во првите три месеци од оваа година.
„Ова е најслаб раст од септември 2009 година, кога Австралија се најде во услови на глобална финансиска криза и опфаќа само почеток на економските последици предизвикани од Ковид-19“, рече Брус Хокман, главен економист на АБС.
Министерот Џош Фриденберг изјави дека Австралија влегува во рецесија за прв пат по 29 години.