Свет 13. јануари 2021. / 13:37

За првпат над 4.300 починати во еден ден во САД од Ковид 19

За првпат над 4.300 починати во еден ден во САД од Ковид 19

Бројот на смртни случаи од коронавирус регистрирани во еден ден достигна нов рекорд во САД.

Властите во САД вчера потврдија 4.327 смртни случаи на Ковид-19, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор.

Претходниот највисок дневен биланс беше регистриран на 7 јануари со 4.194 смртни случаи.

Во САД, каде живеат околу 330 милиони жители, околу 22,8 милиони луѓе се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, а повеќе од 380.000 пациенти починале како последица на заразата.