Во текот на последните пет години, САД и доделиле на Украина повеќе од 1,3 милијарди долари за да ги зајакнат своите одбранбени способности.
Тоа го изјави прес-секретарот на Пентагон, Ерик Пахон, пренесе ТАСС.
Од 2014 година САД доделиле над 1,3 милијарди долари во сферата на безбедноста за зајакнување на одбранбената способност на украинските сили и зголемување на нивната оперативна компатибилност со НАТО, истакнува тој.
Според Пахон, САД ги поддржуваат евроатлантските аспирации на Украина.
Нашата политика по прашањето за идното проширување на НАТО е политика на отворени врати. Ги поздравуваме аспирациите на Украина за членство во НАТО и решително го поддржуваме правото на таа земја слободно да ја избира својата иднина и својот политички курс без мешање однадвор“, забележува прес-секретарот на Пентагон, цитиран од ТАСС.
Решавањето на територијалниот проблем со Крим останува „важна околност“ која го засега евентуалното влегување на Украина во Алијансата, додава тој.