Свет 17. октомври 2018. / 17:13

За малку ќе се урнеше авионот на Меланија Трамп!

За малку ќе се урнеше авионот на Меланија Трамп!

Откако чад ја исполни кабината , авионот на првата дама на САД мораше принудно да слета на аеродромот во Мериленд.

Сведоците тврдат дека станува збор за инцидент предизвикан од механички проблем. Никој не е повреден , но Меланија не успеа да стигне на крајната дестинација- болничка конференција во Филаделфија.

,, Почуствувавме мирис на запалено , а веднаш потоа кабината се исполни со чад .” , изјави еден од репортерите кој бил во авионот.

Од Белата куќа нема информации за инцидентот.