Свет 12. ноември 2018. / 09:32

За користење пластични кеси во Кенија се оди во затвор

За користење пластични кеси во Кенија се оди во затвор

Многу земји во светот користењето на пластични ќеси го сведоа на минимум, а некои, пак, целосно го забранија. Така, на пример, во Кенија од минатата година, нивната употреба се казнува со максимум четири години затвор.

Таа забрана опфаќа продажба, производство, па дури и едноставно држење пластична ќеса.

Онаму каде што употребата на ќеси е сведена на минимум, исто така има резултати. Данците на пример, употребуваат по четири ќеси годишно.

Пластиката е голем загадувач на животната средина, па затоа Европскиот парламент неодамна ја одобри забраната за пластика за еднократна употреба.