Свет 23. април 2018. / 16:16

За Германија нападот во Сирија не е против меѓународното право

За Германија нападот во Сирија не е против меѓународното право

Германската власт наведува дека воздушните напади на САД, Велика Британија и Франција во Сирија биле легални и покрај проценката на експертите дека се работи за кршење на меѓународното право.

Истражувачи од германскиот парламент, минатата недела до пратениците доставија мислење низ 11 страници, во кои се преиспитува дали наводните хемиски напади во сирискиот град Дума, ги оправдуваат нападите на Сирија.

Портпаролката на германската влада, изјави дека германската влада ја примила до знаење проценката во парламентот, но останува убедена дека сојузничките напади биле неопходни.

Според неа, целта на нападот била предупредување до сириските власти да не прибегнат повторно кон употреба на хемиско оружје.