Свет 17. јуни 2020. / 11:08

За експертите ова е вториот бран: Вирусот од Пекинг заразил многу повеќе од оној во Вухан

За експертите ова е вториот бран: Вирусот од Пекинг заразил многу повеќе од оној во Вухан

Вирусот корона што е откриен на пазарот Синфади во Пекинг е веројатно повеќе заразен од оној што е пронајден во Вухан, изјави за кинескиот весник „Хуанкви Шибао“, Јанг Жангкју, професор на Институтот за вирологија на универзитетот Вухан.

Во процесот на еволуција, инфективноста на вирусот може да се зголеми или намали. Но, мислам дека вирусот корона, пронајден на пазарот во Синфади е позаразен од оној пронајден на пазарот во Вухан – истакна професорот.

Тој објасни дека може да се спореди растот на бројот на пациенти на самиот почеток на пандемијата по појавата на вирусот корона во декември 2019 година и да дојде до заклучок дека таков раст е веќе постигнат во Пекинг за пократко време.

Покрај тоа, според него, епидемијата избувна во Вухан во зима, кога условите влијаат на ширењето на вирусот, а во Пекинг сега има висока летна температура, што не помага во ширењето на болеста. Исто така, имало многу пациенти во Вухан кои не биле во контакт со пазарот на морска храна, додека во Пекинг сега сите се поврзани со пазарот Синфади.

Професорот смета дека разликата помеѓу сегашната состојба во Пекинг и она што се случи во Вухан е во тоа што Кина веќе се стекна со многу искуство и создаде ефективни механизми за заштита, благодарение на што може брзо да ги преземе потребните мерки за контрола и борба против епидемијата.

Во исто време, тој призна дека појавата на нови епидемии и видови на вирус го комплицира истражувањето и развојот на вакцините.

Пазарот Синфади во Пекинг беше затворен во саботата поради откритието на вирусот корона кај 59 жители на градот, од кои повеќето имаа контакт со пазарот. Градските власти го зголемуваат бројот на тестови за локално население за инфекција.

Според последните податоци во светот забележани се повеќе од 8 милиони случаи на зараза, а починале повеќе од 437 илјади луѓе.

 

извор: times