Свет 31. октомври 2019. / 13:34

За една недела двајца јапонски министри поднесоа оставки заради делење манго и дињи на гласачите

За една недела двајца јапонски министри поднесоа оставки заради делење манго и дињи на гласачите

Двајца јапонски министри во една недела си поднесоа оставки откако во јавноста излегоа информации дека делеле подароци на избирачите.

Министерот за правда, Кацувуки Каваи, денеска си поднесе оставка бидејќи на своите приврзаници им продавал различни производи, вклучувајќи и во Јапонија вообичаено скапото манго, и неговата сопруга пратеничката на Либерално-демократската партија Анри Каваи, на вработените во нејзината кампања им исплаќала повеќе од со законот дозволени износи.

Поранешниот министер за трговија и индустрија, Ишуа Сугавара, пак, беше обвинет за прекршување на изборниот закон затоа што, наводно, на избирачите од својата изборна единица во Токио како подароци им давал дињи и ракчиња.

Двајцата негираат прекршување на било кој зкаон, но, велат дека оставката е за да го одбегнат нанесувањето штета на правосудниот систем и губење на доверба во јавноста.

Во обраќањето до јавноста премиерот Абе се извини вторпат за една недела, изјавувајќи дека е одговорен за именувањето на двајцата министри во неговиот нов кабинет.

-Како личност која ги именувала имам одговорност и затоа и се извинувам на нацијата, рече Абе пред новинарите, набрзо откако ја прифати оставката на Каваи.