Во последните 24 часа во Бразил се регистрирани повеќе од 6.600 нови случаи на корона вирусот и повеќе од 290 починати.
Со тоа, вкупниот број на потврдени случаи на заразени во Бразил достигна 107.780, а бројот на починати 7.321.
Најтешка е ситуацијата во државата Сао Паоло и истоимениот главен град. Во регионот има повеќе од 32.000 заразени и над 2.600 починати.
Следува државата Рио де Женеиро со повеќе од 11.000 заразени и над илјада починати.
Бразилското Министерство за здравство претходно прогнозира стабилизирање на ситуацијата со епидемијата во земјата во јули, постепено забавување на ширењето на заразата во август, и пад во септември.