Бројот на смртни случаи од последиците на новиот коронавирус во кинеската провинција Хубеи нагло порасна на 242, но исто така нагло порасна и бројот на заразени – 14.840 за само еден ден.
Тоа е рекорден број на смртни случаи и зарзазени во еден ден, пренесе Ројтерс, одавајќи дека вкупсниот број на луѓе што починале од коронавирусот сега е зголемен на 1.310, бројот на заразени е 48.206.
Здравствените службеници во провинцијата, објавија дека од денеска во билансот ги вклучуваат и лицата кај кои болеста е дијагностицирана со новиот метод.