Свет 05. март 2020. / 22:16

За еден ден 41 нова жртва: Бројот на смртни случаи од корона вирус во Италија се искачи на 148

За еден ден 41 нова жртва: Бројот на смртни случаи од корона вирус во Италија се искачи на 148

Бројот на смртни случаи од епидемијата на корона вирус во Италија се зголеми за 41 лице во изминатите 24 часа и достигна 148, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Оттаму додаваат дека заразата и понатаму не покажува знаци на намалување.

Вкупниот број на регистрирани случаи во оваа земја, која е најтешко погодена во Европа, изнесува 3.858, што е за 767 лица повеќе од вчера.

Заразата се појави пред 14 дена, главно во северниот дел на Италија, меѓутоа, моментно заболени лица има во сите 20 италијански региони.