Свет 03. април 2020. / 14:53

За две недели во САД околу 10 милиони луѓе останале без работа

За две недели во САД околу 10 милиони луѓе останале без работа

Со повеќе од 250.600 заразени луѓе со корона вирус, САД се најголемото жариште на пандемијата во светот, што освен здравствените, предизвикува и огромни економски проблеми. Поради кризата со вирусот Ковид-19 и мерките за задолжителна изолација на населнието во 40 сојузни држави, за само две недели без работа останале околу 10 милиони луѓе.

Само оваа недела бројот на луѓе кои останале без работа недела надминал 6.6 милиони, што е двојно повеќе во однос на минатата недела кога работата ја загубија околу 3.3 милиони лица. Бројката од речиси 10 милиони Американци коишто се пријавиле за помош за невработени во овие две недели е најголем број во поновата историја.

Според Џош Липски од независниот истражувачки центар во Вашингтон, американската економија се движеше со најголема брзина, но по појавата на пандемијата одеднаш се економијата доживеа сериозен удар.