Свет 26. септември 2018. / 13:22

За четири години, двојно зголемен бројот на новороденчиња со сифилис во САД

За четири години, двојно зголемен бројот на новороденчиња со сифилис во САД

Бројот на бебиња родени во САД со сифилис во последните четири години двојно се зголеми и е најголемиот забележан во изминатите 20 години, изјави во вторникот американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) додавајќи дека е забележано зголемување на бројот на сексуално преносливи болести.

ЦДЦ објави дека бројот на случаи на конгенитален сифилис, кога болеста се пренесува од мајката на бебето, се зголеми за 153 отсто во периодот меѓу 2013 и 2017 година, од 362 случаи на 918.

Овој пораст ЦДЦ, меѓу другото, го припишува на несоодветните превентивни прегледи и на слабата достапност на здравствената заштита, истакнувајќи дека една третина од жените кои родиле бебе со сифилис ја добиле болеста откако биле тестирани од страна на лекарите за сифилис.

Таквите случаи на сифилис, имаат поголем ризик од спонтан абортус, неонатална смрт и долгорочни последици за здравјето.

Сифилисот се лекува со антибиотици, дури и за време на бременоста, но ако не се третира шансите се дека во 80 отсто од случаите жените ќе ја пренесат болеста на бебето.