Свет 29. јуни 2018. / 20:01

За брак со странец, 2.000 евра данок

За брак со странец, 2.000 евра данок

За да ја намали имиграцијата малото африканско кралство Есватини воведува данок за брак со странци на своите граѓани .

Нацрт законот предвидува секој што ќе сака да се венча со странец , било маж или жена , да плати во локална валута данок во вредност од околу 2 000 евра. ,,Цел на овој закон е да се заштитат пред се жените од манипулации и злоупотреби, кои со нив се венчаваат пред се за да го добијат нашето државјанство.” , изјави портпаролот на владата , Перси Симелане.

Министерството за надворешни работи објави дека во 2016 имало половина милион барања за натурализација , најмногу од азиските земји , иако државата има само 1,3 милиони жители.

Женските активисти овој закон го гледаат како кршење на правата на жената да избира партнер , бидејќи велат дека тие бираат странци зашто се понежни и покажуваат повеќе емоции отколку мажите од Свази.