Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, на состанок на кабинетот преку видео линк најави дека земјата нема да ги отвори границите кон светот уште многу долго време.
Како што пренесува „Би-Би-Си“, на состанокот се разговарало за можноста за создавање „транс-тасманиска зона“ преку која луѓето би можеле слободно да патуваат меѓу Австралија и Нов Зеланд, без карантински мерки.
Сепак, како што појасни Ардерн, такво нешто уште долго нема да биде можно за посетителите од другите делови на светот.
Австралија и Нов Зеланд ги затворија границите за речиси сите странци, како дел од превентивните мерки за борба против вирусот Ковид-19.