Жителите на кинескиот град Вухан тврдат дека 42.000 луѓе починале во коронавирусот само во нивниот град, а не 3.300 како што јавија кинеските власти, пренесува Дејли Меил.
Од овие 3.300 смртни случаи, 3.182 се пријавени во покраината Хубеи, од чиј главен град Вухан, каде што почна пандемијата на коронавирусот.
Но, жителите на Вухан коишто имале смртни случаи во семејството тврдат дека седум различни погребни претпријатија испраќале по 500 урни секој ден.
Погребните компании од градовите Ханку, Вучанг и Хањанг им порачаа на ужалените семејства дека урните ќе им бидат испратени до 5 април бидејќи фестивалот Кингминг, или „Денот на чистење на гробниците“, се одржува на 4 април годинава.
Ова значи дека 42.000 урни ќе бидат дистрибуирани помеѓу 25 март и 4 април. Локалните медиуми претходно објавија дека Ханку за два дена примил две одделни пратки од пет илјади урни.
Шпекулациите за вистинскиот број на починати доаѓаат неколку дена откако покраината Хубеи ги олесни карантинските мерки за скоро 60 милионското население.
Луѓето на кои не им беше дијагностициран коронавирус, пет дена беа слободни да се движат низ покраината и можеа да го напуштат ако сакаат. Ним последен пат им беше дозволено да излезат на23 јануари оваа година. Сепак, мерката не се однесува на Вухан. Таму, мерките за карантин и ограничувања на движење ќе важат до 8 април.
Еден жител на Вухан изјави за Радио Слободна Азија дека се сомнева дека толку малку луѓе починале затоа што крематориумите „работат“ цело време.
„Не може да биде исправно затоа што крематориумите работат цел ден. Колку луѓе умреа тогаш?“, праша тој.
„Можеби властите постепено ги објавуваат вистинските бројки, намерно или не, за луѓето да можат постепено да се помират со реалната состојба“, рече друг жител на Вухан.
Извор близок до властите во Хубеи рече дека многу луѓе починале во нивните домови без воопшто да бидат дијагностицирани. Овој извор рече дека споменатата бројка од 42 илјади починати не е невозможна затоа што за еден месец биле извршени 28 илјади кремации.