Свет 10. март 2021. / 18:15

Вторпат за шест месеци хакиран сајтот на Парламентот на Норвешка

Вторпат за шест месеци хакиран сајтот на Парламентот на Норвешка

Норвешкиот Парламент соопшти дека бил мета на хакери, шест месеци по претходниот хакерски напад врз институцијата.

Знаеме дека се украдени податоци, но се уште немаме целосен увид во ситуацијата, изјави админстративниот шеф на Парламентот, Мариан Андреасен.

Нападот е поврзан со „ранливост“ на софтверот на „Мајкрософт ексчејнџ“ (Microsoft Exchange). Се уште не е познато кој го извршил нападот.

Официјално Осло за претходниот хакерскиот напад ја обвини Русија, а Москва демантираше каква било вмешаност. Белата куќа на 6 март издаде предупредување поради хакерски напади врз системот за електронска пошта „Мајкрософт ексчејнџ“.

„Мајкрософт“ потврди дека хакери ги искористиле нивните сервери за да нападнат свои мети, а се претпоставува дека на удар се десетици илјади организации. Според американските медиуми зад хакерскиот напад стои Кина. САД подолго време ја оббвинува Кина за кибер шпионажа, додека Пекинг негира.