Свет 24. јуни 2020. / 17:45

Вториот бран на Ковид-19 во светот предизвика нов раст на цената на златото

Вториот бран на Ковид-19 во светот предизвика нов раст на цената на златото

Цената на златото се доближи до највисокото ниво во последните осум години. Причина за таквиот пораст на цената на златото се должи на повторниот пораст на заболени со Ковид-19 во светот и сомнежот дека во скоро време ќе биде обновена економијата.

Цената на унца злато се зголеми за 0,6 проценти и се тргува за 1.778,20 долари, што е највисока од октомври 2012 година. На американските берзи, пак, цената на златото е зголемена за 0,7 отсто и унца се тргува за 1.749,30 долари.

Централните банки низ целиот свет веќе ги зголемија мерките за стимулирање, а и ги задржаа на ниско ниво каматни стапки, со цел да ги ублажат ефектите од пандемијата врз економијата.

Во такво опкружување, инвеститорите сакаат да се осигурат од зголемување на инфлацијата и пад на валутите, така што тие сè повеќе купуваат злато, чија цена годинава забележа пораст за повеќе од 16 проценти.