Свет 22. февруари 2020. / 11:13

Втора жртва на корона вирусот во Италија

Втора жртва на корона вирусот во Италија

Уште едно лице почина како последица од корона вирусот, јави агенцијата АФП.

Втората жртва во земјата е од регионот Ломбардија, а за сега нема информации за возраста на лицето.

Прва жртва на корона вирус во Италија беше 78-годишен маж од северниот италијански град Падова.

Анса претходно објави дека вкупно 15 случаи на коронавирус биле регистрирани во северниот регион Ломбардија во петокот, како и два во регионот Венето, каде се наоѓа Падова.