Во Шведска во последните два дена регистриран е најмал број на смртни случаи како последица од новиот коронавирус.
Од последици од Ковид-19 во Шведска вчера починале 17 луѓе, додека денеска забележани се 12 смртни случаи. Тоа е голем пад на смртните случаи во споредба со другите денови, посебно во однос на 8 април кога починаа над сто луѓе. Од средата до петокот (од 8 до 10 април) во земјата умираа над 90 луѓе.
Во Шведска регистриран е и голем пад на новозаразени лица со Ковид-19, вчера имало 466 нови случаи, додека денеска се забележани 332 пациенти. Во спордба со изминатите денови, бројот на новозаразени е речиси двојно помалку. На 16 и 17 април биле регистрирани над 720 инфицирани лица со новиот коронавирус.
Во земјата регистрирани се 10.151 инфицирани лица, од кои 887 починале.
Шведската Влада не воведе карантин, не се затворени училиштата, кафулињата, рестораните и баровие. На граѓаните не им е забрането да излегуваат, но им е препорачано да се самоизолираат ако имаат симптоми на Ковид-19. Забранети се собири на повеќе од 50 луѓе.