Свет 10. октомври 2018. / 18:20

Вселенска патријаршија: Одлука за автокефалност на Украинската црква ќе биде донесена кога ќе дојде време

Вселенска патријаршија: Одлука за автокефалност на Украинската црква ќе биде донесена кога ќе дојде време

Одлуката за автокефалност на Украинската црква ќе биде донесена „кога ќе дојде време”, изјави членот на Синодот на Вселенската патријаршија, австрискиот митрополит на Вселенската Патријаршија и егзарх на Унгарија, Арсениј.

Митрополитот Арсениј тоа го изјави на маргините на состанокот на Синодот, кој продолжува втор ден во Истанбул.

– Разговаравме за томосот. Одлуката ќе биде донесена кога ќе дојде време, но, Вселенската патријаршија има право да донесе таква одлука, истакна тој.

Запрашан за ставот на Руската православна црква, која е против автокефалноста на Украинската црква, Арсениј одговори: Не сакаме да создаваме нови проблеми, но со Божја помош ќе дејствуваме на таков начин се да е мирно, како што сака Господ.