Свет 16. јануари 2020. / 12:23

Вредноста на Биткоинот зголемена за 21 проценти – најдобар годишен почеток на криптовалутата од 2012 година

Вредноста на Биткоинот зголемена за 21 проценти – најдобар годишен почеток на криптовалутата од 2012 година

Дигиталната валута Биткоин се тргува за 8.667 долари, што е за 21 проценти пораст во однос на почетокот на 2020 година. Таквиот раст значи дека биткоинот забележува најдобар почеток на годината од 2012 година.

Ова покажува дека на пазарот се враќ оптимизмот по колапсот што следуваше откако вредноста на биткоинот го достигна својот врвот во 2017 година.

Ситуацијата е слична со другите дигитални валути, вклучувајќи „Еthereum“ и „XRP“, кои добија повеќе од 20 проценти на вредноста секоја во првите две недели од оваа година.

Биткоинот беше во рекордно високо ниво од 20.000 американски долари во декември 2017 година, по што падна на само 3.000 долари до крајот на 2018 година.

Експертите веруваат дека може да достигне 16.000 американски долари до крајот на 2020 година.