Свет 04. јануари 2021. / 18:52

Вработените во Гугл тајно формираа синдикат

Вработените во Гугл тајно формираа синдикат

Повеќе од 200 вработени во Гугл во САД формираа синдикат, објави Ројтерс.

Синдикатот на работниците има за цел да осигура дека вработените добиваат фер надомест, без страв од вознемирување, одмазда или дискриминација, напишаа лидерите на синдикатите во коментарот објавен денес во весникот „Њу Јорк Тајмс.

Досега компанијата не дака коментар, додава БТА. Формирањето на синдикати е крајно невообичаено за технолошкиот сектор, кој долго време се спротивставуваше на организирање на многу високо квалификувани вработени во индустријата, забележува медиумот.

Синдикатот беше организиран  тајно во најголем дел од минатата година, а раководството беше избрано минатиот месец. Сепак, за разлика од традиционалните синдикати, кои бараат работодавачот да седне на масата за преговори во обид да се постигне колективен договор, синдикатот на Гугл е од типот „малцински синдикат“, што претставува само мал дел од над 260.000 вработените и подизведувачите на концернот.

Според официјалните лица, првичната цел на организацијата била да добие структура и трајно присуство на работнички активизам во Гугл, наместо да преговара за колективен договор.