Свет

Вработените во американската амбасада во Кина ги разболеа мистериозни звуци

Вработените во американската амбасада во Кина ги разболеа мистериозни звуци

Откако лани беше објавено дека вработените во американската амбасада на Куба слушаат мистериозни звуци, и дипломатите во конзулатот на САД во Гоангџоу, Кина се пожалија дека не им е добро од некакви „чудни звуци”.

САД ги повлекоа своите вработени во кинескиот конзулат од страв дека се разболеле од истата мистериозна болест како и американските дипломати на Куба.

Пред една година, 24 вработени во американската амбасада на Куба претрпеа полесно оштетување на мозокот, откако се пожалија дека слушаат „чудни звуци”. Ова предизвика сомнежи дека тамошната влада или одредени служби користат некаков вид на звучно оружје. Повлекувањето на вработените во конзулатот во Кина се случува во екот на трговските тензии меѓу Кина и САД. Стејт департментот во почетокот на месецот излезе со здравствено предупредување во кое се наведува дека вработените во Кина пријавиле „суптилни и благи, но необични звуци и притисоци”.

САД велат дека сериозно го разгледуваат случајот, но дека уште не се знае причината. Вработените во конзулатот се предупредени ако слушнат или почувствуваат „што било необично”, веднаш да побараат заштита.

Формирана е специјална единица во Гуангџоу што ги следи пријавените случаи. САД лани не ја обвинија кубанската влада која изјави дека не стои зад нападот.

Симптомите се слични и вклулуваат вртоглавица, главоболка, повраќање, болки во стомакот, моментално губење на слухот и како последица се јавува дури и оштетување на мозокот.