Свет 20. август 2018. / 15:53

Вработените на Лиман Брадерс ќе прават забава на десет годишнината од пропаста на банката

Вработените на Лиман Брадерс ќе прават забава на десет годишнината од пропаста на банката
epa03134898 (FILE)A file photograph showing a view of the Lehman Brothers world headquarters in New York City, New York, USA, 12 June 2008. Reports state on 07 March 2012 that Lehman Brothers, the US investment bank that collapsed in 2008, following losses in the US sub-prime mortgage market has exited from bankruptcy protection. EPA/JUSTIN LANE

Стотици поранешни банкари од пропаднатиот гигант Лиман Брадерс планираат да одржат средба во Лондон на 15 септември – односно на десет годишнината од пропаста на банката која ја предизвика светската финансиска криза во 2008 година.

Досега над 200 поранешни вработени во банката, пред се од пониските ешалони, го потврдиле своето присуство на забавата во клубот Кондуит, која се организира дискретно, преку имејл покани. Медиумите сепак дознаа за планот, а британската Лабуристичка партија денеска го критикуваше планот да се одбележи пропаста на банката како „болен“.

Лиман Брадерс, финансиска институција стара над 150 години, своевремено беше четврта најголема инвестициска банка во САД. Во 2008 година таа го означи почетокот на финансиската криза кога, поради прекумерното инвестирање во нестабилниот пазар на недвижности, банката колабираше во рок од неколку месеци. За разлика од другите големи банки во САД, кои исто така беа изложени на пазарот на недвижности, Лиман Брадерс не беше спасена од страна на федералната Влада, туку беше оставена да банкротира.