Свет 28. јули 2020. / 12:16

Вработени во „Гугл“ ќе работат од дома до идното лето

Вработени во „Гугл“ ќе работат од дома до идното лето

Американската компанија „Гугл“ ќе им овозможи на некои вработени да работат од дома до крајот на јуни 2021 година.

Тоа се однесува на вработените чие присуство во канцеларијата не е неопходно за работата која ја извршуваат во компанијата.

Одлуката минатата недела ја донесе Сундар Пичаи, извршниот директор на американскиот конгломерат „Алфабет“, кој е сопственик на Google, по дискусијата со група директори на тој конгломерат.

„Ројтерс“ наведува дека уште неколку други компании им дозволиле на вработените да работат од дома до крајот на 2020 година, во обид да ги заштитат од пандемијата од корона вирус, додека „Твитер“ предложи работа од дома за некои вработени на неодредено време.