Свет 05. октомври 2018. / 10:54

Возови се судрија во Јоханесбург – над 320 лица повредени

Возови се судрија во Јоханесбург – над 320 лица повредени

Над 320 лица се повредени, кога воз што сообраќал на релација Јоханесбург – Преторија удрил во задниот дел од воз што стоел на станица, соопшти денеска властите.

Во судирот што се случил утрото по локално време, 32 лица се со тешки повреди.

Во јануари во слична несреќа во предградие на Јоханесбург беа повредени 220 луѓе. Владината агенција за регулирање на железничкиот сообраќај наведува во извештај за 2016/2017 година дека 495 луѓе загинале во железнички несреќи и 2.079 се повредени. Бројот на загинати е за пет отсто повисок во однос на претходната година.