Свет 22. април 2018. / 21:44

Вознемирувачки: Новинар убиен додека известувал во живо (ВИДЕО)

Вознемирувачки: Новинар убиен додека известувал во живо (ВИДЕО)

Новинар од Никарагва е убиен додека во живо известувал за антивладините демонстации.

Ангел Гахона во живо го пренесувал протестот на Фејсбук, а додека опишувал како насилните демонстранти оштетиле банкомат, се слушна пукање.

Гахона е погоден во главата и паднал на земја, додека неговите пријатели почнале да бараат помош.