Свет 28. октомври 2019. / 16:58

Возачот на „камионот на смртта“ се појави на суд, без емоции одговори само на три прашања

Возачот на „камионот на смртта“ се појави на суд, без емоции одговори само на три прашања

Возачот на камионот-ладилник, Морис Робинсон, кој е обвинет за смртта на 39 луѓе во Англија, денеска е испрашуван во судот.

Тој е испрашуван преку видеолинк од притвор. Додека му ги читаа 43-те точки од обвинението, една по една, обвинетиот не покажа никаква емоција, пишува Дејли Меил.

Робинсон е обвинет за смртта на 39 лица, една точка од обвинението е за перење пари, а две точки го теретат за криумчарење луѓе.

Обвинителот наведе дека Робинсон во декември минатата година бил вмешан во меѓународен ланец за префрлување на огромен број илегални имигранти во Велика Британија. Голем број луѓе се вмешани во ова злосторство, како што рече, се уште се на слобода.

Испитувањето на Робинсон траеше пет минути, а обвинетиот оговори само на три прашања кои се однесуваа на името, адресата и местото на раѓање.

На сите останати прашања не сакаше да оговара.

По одлука на судот, тој останува во притвор до следното сослушување на 25 ноември.