Свет 05. април 2019. / 17:41

Вооружени полицајци го чекаат Асанж да излезе од амбасадата

Вооружени полицајци го чекаат Асанж да излезе од амбасадата

Британската полиција распоредила свои вооружени припадници пред еквадорската амбасада во Лондон откако на профилот на Викиликс беше објавено сознание од високи извори дека основачот на организацијата Џулијан Асанж би можел да биде исфрлен од објектот „Во наредните часови или денови“.

Локалните медиуми јавуваат дека ситуацијата во амбасадата е мирна и дека ниту еден нејзин вработен, ниту британските власти не го коментираат случајот. Лондонската полиција соопшти дека нема промени во полициската процедура. Во соопштението се додава дека има активен налог за апсење на Асанж и дека полицијата „има обврска да постапи по тој налог доколку тој ја напушти амбасадата“.

Асанж е во еквадорската амбасада од август 2012, откако се засолни поради страв дека британските власти ќе го уапсат и екстрадираат во САД кои го бараат поради објавување илјадници тајни воени и дипломатски документи.