Вооружени лица киднапирале Италијанка која работи за хуманитарна организација во крајбрежниот дел на Кенија и во нападот раниле неколку лица, јави кениската полиција.
Напаѓачите кои пукале неселективно раниле пет лица во нападот кој се случил синоќа околу 20 часот во трговскиот центар Чакама во округот Килифи, рече шефот на полицијата Џозеф Боине.
Тој рече дека киднапирана е 23-годишна Италијанка која работи како доброволец во хуманитарна организација на југоистокот на Кенија. Мотивот за нападот не е познат за сега, како ни идентитетот на напаѓачите, рече тој.
Полицијата наведе дека го сметаат инцидентот за терористички напад.
Исламски екстремисти од Сомалија порано се обвинети за низа киднапирања на стренци долж кенискиот брег.
Поради напади и киднапирање странци Кенија од 2011 година прати војска во Сомалија која се бори против екстремистичката група Ал Шабаб.