Свет 05. ноември 2020. / 11:36

Вооружени демонстранти затворија избирачко место во Аризона

Вооружени демонстранти затворија избирачко место во Аризона

Вооружени поддржувачи на претседателот Доналд Трамп се собраа пред едно од местата за пребројување на гласовите во сојузната држава Аризона.

Надлежните за одржување на мир во сојузната држава, Националната Гарда и полицијата го затворија ова избирачко место за медиуми и ја штитат зградата од гневните демонстранти кои според присутните на лице место се „вооружани до заби“.

Моменталниот исход на гласањето во Аризона е се уште непознат, дури и откако беше официјално објавено дека Бајден ја добил оваа држава. Од кампањата на Трамп велат дека многу е веројатно да дојде до пресврт, а на некои места тврдат дека биле пронајдени гласови од луѓе кои не излегле на гласањето.

Моменталниот резултат, на 88% преброени гласови изнесува:

Џо Бајден: 1,469,341 (50.5%)

Доналд Трамп: 1,400,951 (48.1)