Вооружена банда му помогнала на затвореник да избега од полициско комбе додека го носеле на судење во Франција.
Разбојниците ја бутнале полицајката на земја и го извлекле затвореникот , по што им се губи трагата. Затвореникот требало да биде префрлен од затворот Безиер во друг затвор на 150 километри оддалеченост , а во меѓувреме да се појави на суд за вооружен грабеж.
Ова е второ драматично бегство на затвореник во Франција во рок од една година. Минатата година затвореник избега од затвор со хеликоптер, а по три месеци е уапсен во Париз.
Вооружената банда денеска пред судот го дочекала затвореникот и полицајците . Побарале од полицајката да го пушти , па откако одбила , ја бутнале и почнале да пукаат . Никој не е повреден во инцидентот.