Свет 15. март 2020. / 23:08

Вонредна состојба во Словачка: Фабриката на Фолксваген кај Братислава ќе го прекине производството

Вонредна состојба во Словачка: Фабриката на Фолксваген кај Братислава ќе го прекине производството

Во Словачка е прогласена вонредна состојба поради епидемијата на корона вирус, соопшти словачкиот премиер Петер Пелегрини.

Владата во Братислава наложи од утре затворање на сите продавници, освен оние за храна, аптеките, банките, бензиските станици и поштите.

Пелегрини истакна дека најверојатно фабриката на Фолксваген, кај Братислава, ќе го прекине производството на автомобилски делови утре или во следните денови.

Во Словачка се регистрирани 61 случај на заразени лица со корона вирус.