Граѓаните „тагуваат“ гледајќи како надојдената вода го растура градот кој пред само две години беше оштетен од една слична ваква природна катастрофа, пренесува АП.
На подрачјето на градот Елиот Сити во државата Мериленд е прогласена вонредна состојба поради надојдената вода, која достигнала висина до првиот кат на зградите.
Повозрасните жители на градот Елиот Сити истакнуваат дека оваа бура е полоша од онаа која го погоди и оштети градот во 2016 година.
Засега официјалните власти немаат информации за можните човечки загуби во оваа природна катастрофа.
Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека состојбата на терен е „екстремно опасна“ и на возачите им упати порака да не се обидуваат да возат низ поплавените патишта.