Свет 15. март 2020. / 12:52

Вонредна состојба во Казахстан поради корона вирусот

Вонредна состојба во Казахстан поради корона вирусот

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, прогласи вонредна состојба во државата поради корона вирусот.

Во земјата се регистрирани осум случаи на заразени со вирусот.

Уредбата донесена од Кабинетот на претседателот го ограничува влезот и заминувањето од Казахстан за сите, освен за дипломатите и оние што се поканети од Владата.