Свет 02. февруари 2019. / 14:45

Вонредна состојба на аеродромот во Бризбејн

Вонредна состојба на аеродромот во Бризбејн

Австралиската полиција го евакуираше аеродромот во Бризбејн поради вонредна состојба, откако очевидци тврдеа дека маж носи бомба.

Припадници на федералната полиција и на полицијата на Квисленд се на местото на инцидентот.

– Во овоj момент немаме повеќе информации – се наведува во соопштението на полицијата.

На социјалните мрежи објавено е дека маж вооружен со ножеви и со бомба стои на еден од аеродромските терминали.