Откако ги согледа последиците од насилните протести во Париз , по вонредната седница на Владата , Макрон реши да ги повика лидерите на антивладиното здружение ,,Жолти елеци” на дијалог.
Макрон му наложил на премиерот Едуар Филип да се сретне со организаторите на протестите , во кои стотици беа уапсени и повредени во текот на вчерашниот ден. Како што соопшти Елисејската палата, ќе има ,,постојани дијалози” со лидерите на протестот
Министерот за животна средина, Франсоа де Руги, се состана со претставниците на демонстрантите минатата недела, но не успеа да ги убеди да ги прекинат протестите.
Префектот на полицијата во Париз, Мишел Делпех, рече дека “го осудил” насилството кое било на ниво кое не е видено во последниве децении.
Вкупно 263 лица беа повредени на национално ниво, со 133 повредени во главниот град, вклучувајќи и 23 припадници на безбедносните сили.
-Никогаш нема да прифатам насилство, рече Макрон. -Ниту една причина не оправдува кога властите се нападнати, бизнисите се ограбени, минувачите или новинарите се загрозени или ако Триумфалната капија е осквернавена.
Насилството предизвика длабока загриженост во француската бизнис заедница која тврди изгубила милијарди евра и утре ќе се состане во Министерството за економија.
-Нашите најлоши стравови се потврдени: ова е трет последователен викенд на протестни , што претставува голема загуба за целата бизнис заедница, изјави за Жак Кросел, претставник на федерација на мали бизниси.
Во текот на ноќта, возач починал откако се превртело комбе кое удрило во барикада направена за време на протестите во Арл, јужна Франција, објави денеска локалниот обвинител . Уште тројца луѓе загинаа во инциденти поврзани со протестите, соопшти полицијата.
Анти-владините протести што ја зафатија Франција беа првично предизвикани од порастот на даноците за дизел.