Помеѓу средината на март и 22 декември, САД добија 56 нови милијардери, вкупно 659 од почетокот на пандемијата.
Извештајот базиран на податоците собрани од „Форбс“ покажува дека милијардерите поседуваат богатство приближно двојно повеќе од сè што поседуваат 165 милиони најсиромашни Американци.
Меѓу новите милијардери има познати имиња како Џеф Безос, Илон Маск, Бил Гејтс, Канје Вест и Тајлер Пери. Сепак, тие се исклучоци, а повеќето од новите милијардери се луѓе чие богатство е поддржано од берзански бизнис. Меѓу нив е и поранешната сопруга на Џеф Безос, Скот Мекензи, чие богатство од ден на ден се зголемува благодарение на берзата.
Комбинацијата на „лесни“ пари и ненадејната промена на економската активност, кои ги фаворизираа дигиталната трговија, комуникациите, образованието и бизнисот, им дадоа неочекуван ветер во грбот на технолошките компании – стартапи и големи компании, пренесува Танјуг.
Ова е зачудувачки показател за тоа како пандемијата искривува големи делови од реалната економија и ја зголемува постојаната економска нееднаквост во Соединетите Држави.