Австралиската држава Викторија соопшти дека ќе ја ангажира војската за да проверува дали луѓето ги почитуваат пропишаните мерки за самоизолација поради Ковид-19. Властите нагласуваат дека секој кој ќе ги прекрши тие правила ќе биде казнет со големи парични казни.
Во Викторија, втората најнаселена сојузна држава во Австралија, во изминатите 24 часа се регистрирани 439 нови случаи на заразени со корона вирус, а 11 лица починаа.
Претходно, Викторија воведе полициски час во текот на ноќта, го ограничи секојдневното движење на луѓето и нареди затворање на голем дел од локалната економија со цел да се забави ширењето на вирусот.
Меѓутоа, при проверка на усогласеноста со мерките за изолација, полицијата не успеала да ги најде дома речиси третина од заразените со Ковид-19 – изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендру и најави остри парични казни.
Тој најави дека оваа недела ќе бидат распоредени 500 војници во Викторија, кои ќе го следат почитувањето на правилата за самоизолација, а казните за оние кои не го почитуваат тоа ќе бидат скоро пет илјади австралиски долари.