Армијата на Венецуелса уапсила уште осуммина платеници, кои ноќеска повторно упаднале во земјата.
Властите објавија дека вкупно 45 лица се уапсени поради минатонеделниот обид за инфилтрирање на венецуелската територија.
Венецуелските власти на 3 мај објавија дека успешно го спречиле обидот за влез во земјата од страна на група колумбиски платеници, кои планирале државен удар во Венецуела и атентат врз претседателот Николас Мадуро, а меѓу нив имало и двајца американски државјани.
Американскиот претседател Доналд Трамп негираше дека неговата влада има никаква врска со настаните во Венецуела.