Американската војска соопштила дека на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја испратила над 100 мртвечки сандаци, за да ги земе посмртните остатоци од американските војници, кои од Корејската војна се водат како исчезнати.
Портпаролот на американските сили во Кореја, Чед Керол изјавил дека 158 метални сандаци се испратени за транспорт во базата кај Сеул и со нив, остатоците од војниците ќе се испратат дома.
Северна Кореја се согласила да ги врати остатаоците од Американците за време на самитот помеѓу лидерот Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп.