Советот на ЕУ го продолжи и прошири мандатот на воената мисија за обука во Централноафриканската Република (ЦАР) до 19 септември 2020.
Од сега мисијата на ЕУ ќе има надлежност стратешки да го советува министерството за одбрана, воените сили, но и кабинетот на Претседателот на ЦАР, како и да дава совети за цивилно-воена соработка, вклучително и министерството за внатрешни работи и жандермеријата, соопшти Советот на ЕУ.
Вкупниот буџет за оваа мисија изнесува 25,4 милиони евра.
Мисијата за воена обука на ЕУ во ЦАР започна во јули 2016.