Свет 24. јули 2020. / 10:37

Водечкиот американски епидемиолог се сомнева дека корона вирусот ќе биде целосно искоренет

Водечкиот американски епидемиолог се сомнева дека корона вирусот ќе биде целосно искоренет

Главниот советник на Белата куќа за борба со корона вирусот, Ентони Фаучи, смета дека е малку веројатно дека некогаш ќе се искорени тој вирус.

Во интервју за ТВ „Алајанс“ Фаучи рече дека, со оглед дека вирусот нема да исчезне, светските лидери и здравствените власти треба да работат за да го доведат до „ниско ниво“.

Мислам дека со комбинација на добри мерки во областа на јавното здравство, нивото на глобален имунитет и добра вакцина, ќе можеме да го доведеме под контрола вирусот оваа или следната година. Но, се сомневам дека ќе го искорениме – изјави Фаучи.

Неговиот коментар е во спротивност со ставот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој пред два дена го повтори тврдењето дека вирусот ќе исчезне и покрај предупредувањата на експертите дека бројот на заразени и смртни случаи ќе се зголеми во текот на есента.