Пандемијата на корона вирусот не запира да се шири во светот. Најновите бројки покажуваат дека од вирусот Ковид-10 се заразиле вкупно преку 684.650 луѓе во светот. Од нив 31.882 починале, додека 145.696 оздравеле од болеста.
Италија и Шпанија, како најпогодени европски земји, се уште се мачат да го забават ширењето на вирусот, но центарот на ширењето на корона вирусот дефинитивно се префрли во САД.
Во моментов токму САД се земјата каде што има најголем број заразени, вкупно 124.686 луѓе. Од нив веќе починале 2.191 едно лице, а оздравеле 2.612 луѓе.
Универзитетот Џонс Хопкинс изработи мапа на која во реално време се апдејтираат сите нови случаи на корона вирус во светот, а мапата може да ја следите на овој ЛИНК.