Свет 27. септември 2019. / 16:47

Во зграда пронајдени над 300 заробени луѓе врзани со синџири

Во зграда пронајдени над 300 заробени луѓе врзани со синџири

Нигериската полиција спаси повеќе од 300 луѓе, повеќето од нив деца, кои биле врзани со синџири и заробени во зграда во градот Кадуна на северот на земјата, соопшти денеска портпаролот на полицијата Јакубу Сабо.

Тој рече дека во зградата се наоѓа исламско училиште и дека седум лица се уапсени во врска со инцидентот.

 За децата, постари од пет години, грижата ја презедоа државните власти. Две од децата се од Буркина Фасо, а остатнатите ги довеле родителите од сите делови на Нигерија, пред се од северните провинции, објасни портпаролот . Меѓу уапсените се наставници од исламски училишта.