Свет 17. декември 2018. / 20:45

Во воздушни напади американска војска ликвидира 62 екстремисти

Во воздушни напади американска војска ликвидира 62 екстремисти

Американската војска соопшти дека најмалку 62 припадници на џихадистичката група Ал-Шабаб се убиени за време на викендот во шест воздушни напади во Сомалија.

Како што се наведува во соопштението, меѓу убиените во нападите кои биле изведени во координација со сомалиската влада, немало цивили.

-Заедно со нашите сомалиски и меѓународни партнери, посветени сме на тоа да спречиме Aл-Шабаб да ги користат прибежиштата, од каде можат да ги зајакнуваат капацитетите и да ги напаѓаат луѓето во Сомалија, се наведува во соопштението на командата на американските воени сили за Африка.

Групата Ал-Шабаб која е поврзана со Ал Каеда, уште не ги коментираше нивните напади, истакна „Би-би-си“.