Денеска и утре во Варшава се одржува министерска средба посветена на воспоставувањето мир и безбедност во регионот на блискиот исток чии домаќини се Полска и САД.
Земјите кои ќе учествуваат на конференцијата ќе ги презентираат своите оценки и предлози во врска со иднината на регионот. Воспоставувањето безбедност и стабилност на блискиот исток е приоритет за меѓународната заедница.
Во рамките на средбата ќе се одржат дискусии посветени на тероризмот и екстремизмот, енергетската безбедност и безбедноста на морската трговија, како и за не ширењето на ракетните оружја